ПРОЕКТ КОЈ НЕ Е ПРОЕКТ / ОПА
Проекција на видео-дело и промоција на книга
Локација: Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје
(Бул. „Партизански одреди” бр.99, Скопје)
Отворање: 22. 10. 2013 (вторник), 20:30 (едновечерен настан)
ОПА (Опсесивно посесивна агресија)
ОПА е формирана во 2001 година од ликовните уметници Слободанка Стевческа (*1971, Скопје) и Денис Сарагиновски (*1971, Скопје). Двајцата студирале на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Работат на границите на ликовната, уметноста на новите медиуми и перформансот. ОПА, до сега, има самостојно изложувано во Македонија, Естонија, Словенија, Хрватска, Франција, Германија, САД и Холандија. Има учествувано на повеќе групни изложби и фестивали како Трансмедиале, Берлин; Freewaves – Биенале на нови медиуми, Лос Анџелес; Биенале на современи уметности, Москва; итн. Има остварено резиденцијални престои во Франција, Естонија, Германија и Швајцарија.
„Проект кој не е проект“, 2006, видео, 42мин.
„Проект кој не е проект“, 2012, книга
КООПЕРАЦИЈА се заблагодарува на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје за отстапениот простор и на Миле Станишковски Станиш и Сашко Граматниковски за соработката.
